Skip to main content

Брза фактура

Модулот Брза фактура е изработен со цел да овозможи едноставно и ефикасно управување со фактури во секојдневното работење. Преку овој модул корисниците имаат можност за креирање, преглед и обработка на излезни и влезни фактури, како и евиденција на нивните плаќања.

Излезни фактури – се користат за евидентирање на продажби и содржат детални ставки со артикли и услуги. Дополнително, модулот овозможува следење и евиденција на извршените плаќања за секоја излезна фактура.

Влезни фактури – се користат за евидентирање на примени фактури од добавувачи. За овие фактури не се евидентираат ставки, туку се внесува само основниот документ со потребните информации и плаќањето поврзано со него.