Skip to main content

Прегледи

Картица на партнер

Во делот прегледи, корисникот може да пристапи до картицата на партнер, која овозможува преглед на сите документи и плаќања поврзани со избраниот партнер.

На картицата се прикажуваат следните информации:

  • Тип на документ – се наведува дали документот е фактура или побарување.
  • Број на документ – се прикажува бројот на фактурата (доколку станува збор за фактура).
  • Банков извод – се прикажува поврзаниот банков извод за секое плаќање.
  • Датум – датумот на издавање на документот или на плаќањето.
  • Валута – валутата во која е издаден документот или е извршено плаќањето.
  • Износите – се прикажува износот на документот и евентуалните извршени плаќања.

Со картицата на партнер, корисникот добива комплетен преглед на трансакции за секој партнер, овозможувајќи лесно следење на издадени и примени документи, како и нивната состојба во однос на плаќањата.

се вчитува...

Картица на артикал

Во делот прегледи, корисникот може да пристапи до картицата на артикал, која овозможува преглед на сите документи и трансакции поврзани со избраниот артикал. На картицата се прикажуваат следните информации:

  • Број на документ – бројот на фактурата во која е вклучен артиклот.
  • Датум – датумот на издавање на документот.
  • Партнер – клиентот поврзан со документот.
  • Количина – количината на артиклот која е внесена во документот.
  • Данок – даночната стапка која е применета на артиклот.
  • Валута – валутата во која е издаден документот.
  • Износ – вкупниот износ за артиклот, вклучително и данокот.

Со картицата на артикал, корисникот може лесно да ја следи историјата на артиклот, вклучително количини, износи и трансакции.

се вчитува...

Збирна картица

Збирната картица овозможува преглед на сите партнери и нивните финансиски трансакции на едно место, прикажувајќи вкупни износи по фактура, платени износи и салдо, што овозможува брзо следење на финансиската состојба на секој партнер.