Артикли
Во главното мени на веб апликацијата, се наоѓа шифрарник за артикли, кој служи за креирање и организирање на сите артикли што ќе се продаваат во продавницата.

Креирање нов артикал
За да се креира нов артикал, потребно е:
- Да се кликне на копчето "Креирај", по што ќе се отвори форма за внес на податоци.
- Назив – се внесува името на артиклот.
- Мерка – се одбира соодветната мерна единица од претходно креираниот шифрарник за мерки.
- Баркод (опционално) – доколку артиклот има баркод, може да се внесе за побрзо скенирање при продажба.

Дополнителни податоци за артиклот
Во делот дополнително се наоѓаат неколку опции за подобра организација на артиклите:
- Арт. група – се одбира категорија во која ќе биде сместен артиклот (на пример: Облека, Храна, Пијалоци). Оваа опција помага за подобра организација и пребарување на артиклите при продажба.
- Арт. групи варијанти – доколку артиклот постои во различни варијанти (на пример: маица во различни бои или стилови), овде се одбира претходно креираната варијанта од шифрарник за варијанти.
Опис, димензии, слика и величини
Овие полиња се опционални, но се корисни за дополнително опишување и подобра визуелизација на артиклот:
- Опис – детално објаснување на артиклот (на пример: Памучна маица со кратки ракави).
- Димензии – доколку е потребно, може да се внесат точни димензии на артиклот (на пример: 30x20x15 cm).
- Слика – овозможува додавање на слика за визуелно прикажување на артиклот при продажба.
- Величини – ако артиклот има различни големини (на пример: S, M, L за облека), овде може да се додадат од шифрарник за величини.