Skip to main content

Излезни фактури

Во делот излезни фактури се евидентираат сите документи што ја претставуваат продажбата и побарувањата кон клиентите. Овој дел обезбедува систематизирано водење на приходите и овозможува јасен преглед на состојбата со фактурите.

се вчитува...

При креирање на излезна фактура постојат две можности:

  • Фактура – документ со кој се евидентира реализирана продажба на производи или услуги. Во него се содржани податоци за клиентот, датумот на издавање, ставките со производи или услуги, цените, даноците и вкупниот износ за плаќање.
  • Побарување – документ кој не содржи ставки, туку само вкупен износ. Износот се внесува директно.

Филтрирање на податоци

Во горниот дел од страната се наоѓаат полињата за избор на период и копчињата за приказ на податоците.

  • Датум од/Датум до – задолжителни полиња со кои се дефинира временскиот период за кој треба да се прикажат фактурите и побарувањата.
  • Прикажи – по внесување на периодот, со избор на ова копче се прикажуваат сите документи што одговараат на зададените критериуми.
  • Прикажи за година – со ова копче се прикажуваат сите фактури и побарувања за целата тековна година, без потреба од рачно внесување на датумите.

Креирање на фактура

За креирање на нова фактура се користи копчето "Фактура". По негово избирање се отвора модална форма за внес на податоците:

  • Партнер – задолжително се избира партнерот на кој се издава фактурата.
  • Вал. денови и доспева – автоматски се пресметуваат врз основа на избраниот партнер.
  • Датум – системски се пополнува со тековниот датум, со можност за промена доколку е потребно.
  • Валута – автоматски се пополнува стандардната валута.
  • Курс – автоматски се повлекува курсот за избраната валута.

се вчитува...

Откако ќе се пополнат основните податоци, во фактурата се додаваат ставки. Секоја ставка содржи количина, цена и даночна стапка, врз основа на кои системот пресметува износ.

се вчитува...

На крај, фактурата се зачувува и станува достапна за преглед и понатамошна обработка (печатење, плаќање, извештаи).

Креирање на побарување

Важно

Кај побарувањето не се евидентираат поединечни ставки, туку се внесува само вкупниот износ што треба да се запише.

За креирање на побарување се користи копчето "Побарување". По негово избирање се отвора модална форма за внес на податоците

  • Партнер – задолжително се избира партнерот на кој се однесува побарувањето.
  • Датум – автоматски се пополнува со тековниот датум.
  • Валута и курс – системот ги пополнува автоматски.
  • Вал. денови и доспева – автоматски се пополнуваат во зависност од избраниот партнер.
  • Износ – задолжително се внесува износот на побарувањето.

се вчитува...

Забелешка

Број на документ ова поле е опционално и не мора да се пополни доколку станува збор за побарување.

Потсетување

За разлика од фактурата, во побарувањето не се внесуваат ставки, туку само вкупниот износ кој треба да се евидентира.