Skip to main content

Плаќања за излезни фактури

Во делот Плаќања за излезни фактури се евидентираат сите извршени плаќања за фактурите и побарувањата кон партнерите. Овој дел овозможува брзо и едноставно поврзување на плаќањата со соодветните документи.

се вчитува...

Креирање на плаќање​

За да се внесе ново плаќање, се користи копчето "Креирај плаќање". По негово избирање се отвора форма со следните податоци:

  • Партнер – задолжително се избира партнерот за кој се врши плаќањето.
  • Валута, курс и датум – системот ги пополнува автоматски според тековните податоци и избраниот партнер.
  • Банков извод, износ и опис – овие полиња ги внесува корисникот и се задолжителни за евиденција на плаќањето

се вчитува...

Поврзување плаќање со фактури/побарувања​

Важно

По внесување на основните податоци и клик на копчето "Запиши", се отвора нова форма каде што се прикажани сите неплатени фактури и побарувања за одбраниот партнер.

Во оваа форма потребно е:

  • Да се изберат фактурите или побарувањата кои треба да се платат.
  • Да се кликне на копчето „Поврзи фактура“, со што износот од плаќањето се поврзува со избраните документи.

се вчитува...

Овој процес овозможува точна евиденција на плаќањата и лесно следење на состојбата со неплатени фактури и побарувања за секој партнер.

Преглед на поврзани плаќања​

По поврзувањето на плаќањето со фактури или побарувања, корисникот може да ги прегледа сите извршени плаќања за конкретната фактура или побарување во делот "Поврзани побарувања за плаќањето".

Овој дел овозможува:

  • Лесно следење на тоа кои фактури или побарувања се платени,
  • Преглед на износите кои се поврзани со секое плаќање, На овој начин, корисникот секогаш има јасен увид во состојбата на излезните фактури и побарувањата, како и во извршените плаќања.

се вчитува...