Плаќања за излезни фактури
Во делот Плаќања за излезни фактури се евидентираат сите извршени плаќања за фактурите и побарувањата кон партнерите. Овој дел овозможува брзо и едноставно поврзување на плаќањата со соодветните документи.

Креирање на плаќање
За да се внесе ново плаќање, се користи копчето "Креирај плаќање". По негово избирање се отвора форма со следните податоци:
- Партнер – задолжително се избира партнерот за кој се врши плаќањето.
- Валута, курс и датум – системот ги пополнува автоматски според тековните податоци и избраниот партнер.
- Банков извод, износ и опис – овие полиња ги внесува корисникот и се задолжителни за евиденција на плаќањето

Поврзување плаќање со фактури/побарувања
По внесување на основните податоци и клик на копчето "Запиши", се отвора нова форма каде што се прикажани сите неплатени фактури и побарувања за одбраниот партнер.
Во оваа форма потребно е:
- Да се изберат фактурите или побарувањата кои треба да се платат.
- Да се кликне на копчето „Поврзи фактура“, со што износот од плаќањето се поврзува со избраните документи.

Овој процес овозможува точна евиденција на плаќањата и лесно следење на состојбата со неплатени фактури и побарувања за секој партнер.
Преглед на поврзани плаќања
По поврзувањето на плаќањето со фактури или побарувања, корисникот може да ги прегледа сите извршени плаќања за конкретната фактура или побарување во делот "Поврзани побарувања за плаќањето".
Овој дел овозможува:
- Лесно следење на тоа кои фактури или побарувања се платени,
- Преглед на износите кои се поврзани со секое плаќање, На овој начин, корисникот секогаш има јасен увид во состојбата на излезните фактури и побарувањата, како и во извршените плаќања.
