Skip to main content

Влезни фактури

Во овој дел од модулот брза фактура се евидентираат обврските кои настануваат од влезни фактури.

се вчитува...

Филтрирање на податоци

Во горниот дел од страната се наоѓаат полињата за избор на период и копчињата за приказ на податоците.

  • Датум од/Датум до – задолжителни полиња со кои се дефинира временскиот период за кој треба да се прикажат фактурите и побарувањата.
  • Прикажи – по внесување на периодот, со избор на ова копче се прикажуваат сите документи што одговараат на зададените критериуми.
  • Прикажи за година – со ова копче се прикажуваат сите фактури и побарувања за целата тековна година, без потреба од рачно внесување на датумите.

Креирање на обврски

Со клик на копчето "Вл.фактури/Обврски" се внесуваат податоците од фактурите примени од партнери. При креирање на обврска задолжително се внесуваат следниве информации:

  • Партнер – избирање на партнерот од кој е примена фактурата.
  • Датум – датум на фактурата или датум на прием.
  • Број документ – бројот кој е наведен на фактурата.
  • Износ – вкупниот износ од фактурата.

се вчитува...

Забелешка

Системот автоматски ги пополнува полињата за валута и курс според стандардните поставки и важечкиот курс. Овие вредности може да се изменат, доколку е потребно.

Потсетување

Обврските може да се печатат, уредуваат или подоцна да се поврзат со плаќање.