Фискален принтер
Важно
За да можете да испечатите некој од фискалните извештаи, неопходно е претходно во делот Продажба да ја изберете касата преку која ќе се врши печатењето. Доколку тоа не е направено, ќе се појави грешка: „Фискалната адреса не е пронајдена“.

Извештај
Во овој дел можете да генерирате и испечатите различни видови фискални извештаи:
- Печати дневен извештај – го печати дневниот пресек за сите продажби и трансакции направени во текот на денот. Овој извештај обично се печати на крајот на работниот ден.
- Печати контролен извештај – печати детален контролен извештај кој ги прикажува сите извршени фискални трансакции за проверка. Овој извештај може да се печати во било кое време за верификација на работата.
Службен влез/излез
Овој дел е наменет за корекција на готовина во касата, која не е поврзана со продажбата: Поле за внес на износ – внесувате сума која сакате да ја додадете или одземете.
- Позитивен (+) износ – регистрира службен влез на пари (на пр., дополнување на касата).
- Негативен (-) износ – регистрира службен излез на пари (на пр., вадење на вишок пари од касата).
Периодичен извештај
Овој дел ви овозможува да генерирате извештај за избран период:
- Од/до датум – изберете временски опсег (пример: од 01.03.2024 до 31.03.2024).
- Од/до број – внесете опсег на сметки (пример: од број 100 до број 200).