Skip to main content

Влезни документи

Влезните документи служат за евиденција на производите кои пристигнуваат во продавницата (магацинот). Преку овие документи се регистрираат новите количини на артикли, било да се примени од добавувачи или од друг магацин.

Избор на продавница/магацин Пред да се креира нов влезен документ, најпрво е потребно да се избере продавницата или магацинот за кој ќе се регистрира влезот.

Креирање на нов влезен документ

Со клик на копчето "Нов", се отвора форма за внес на нов влезен документ. Поголемиот дел од полињата ќе бидат автоматски пополнети, но потребно е рачно да се пополни делот со примено, дали е од магацин или од партнер.

се вчитува...

Креирање на ставки во влезен документ

Во делот ставки на документот, постои копче "Нова". Со клик на копчето, се отвора форма за внесување на нова ставка. Во формата, потребно е да се внеси артикал, опис опционално, количина/ продажба и цени за набавка.

се вчитува...

Залиха на артикли според величини

Во делот ставки на влезните документи, по креирањето на ставката, доколку артиклот има дефинирани величини, потребно е поединечно да се дефин ира количината на тие величини.

Потребно е да се кликне на ова копче за да се прикаже листа со дефинирани величини за тој артикал.

По клик на копчето, ќе се отвори листата на величините за дадениот артикл. На врвот на листата ќе биде прикажан вкупниот број на залиха за тој артикл. Потоа, треба соодветно да се пополни количината за секоја величина, во зависност од примениот артикл во влезниот документ.

се вчитува...