Skip to main content

Излезни документи

Излезните документи служат за евиденција на артикли кои излегуваат од продавницата (магацинот). Тие може да бидат резултат на продажба, пренос на производи во друг магацин, или враќање на производи кон добавувач.

Потсетување

Пред да се креира нов влезен документ, најпрво е потребно да се избере продавницата или магацинот за кој ќе се регистрира излезот.

Креирање на нов излезен документ

Со клик на копчето "Нов", се отвора форма за креирање на нов излезен документ. Повеќето полиња ќе бидат автоматски пополнети (тип документ (испратница), датум, магацин, валута, курс), но потребно е рачно да се пополни делот со примено, дали е од магацин или од партнер.

се вчитува...

Креирање на ставки во излезен документ

Во делот ставки на документот, постои копче "Нова". Со клик на копчето, се отвора форма за внесување на нова ставка. Во формата, потребно е да се внеси артикал, опис опционално, цени и износи за артиклот.

се вчитува...