Skip to main content

Нивелација

Нивелацијата служи за прилагодување на цените и количините на одредени артикли во продавницата (магацинот).

се вчитува...

Избор на продавница/магацин

Пред да започнете со креирање на нова нивелација, прво е потребно да ја изберете продавницата или магацинот каде што ќе се изврши прилагодувањето.

Креирање на нов документ

Со клик на копчето (+) се отвора форма за внес на податоци. Во формата е потребно да ги пополните полињата за продавницата, датум на креирање на нивелацијата и опис ( опционално поле за дополнителни забелешки ).

Додавање ставки во документот за нивелација

Во листата на документи, одберете ја креираната нивелација и преминете во табот "Ставки во док.". Со клик на копчето "Креирај ставка", се отвора форма за внес на артикалот што сакате да го нивелирате. Во формата е потребно е да се внеси назив на артикал. По внес на артиклот, автоматски ќе се преземат податоци од ценовникот за количина, ДДВ, рабат и стара цена. Потребно е само да внесете нова цена за артиклот.

се вчитува...