Skip to main content

Попис

Пописот служи за евиденција на артиклите во магацинот, како и за проверка на количините на артиклите што се наоѓаат во продажната и магацинската залиха.

Избор на продавница/магацин

Првичниот чекор за креирање на пописот е избор на продавницата (магацинот), за кој ќе се врши пописот.

Креирање на нов попис

За да креирате нов попис, кликнете на копчето "(+) Креирај". По кликнување на копчето, ќе се отвори форма во која треба да се внесат податоците за продавницата (магацинот) и датумот кога ќе се креира пописот.

се вчитува...

Генерирање на ставки за попис

Откако ќе креирате документ за попис, за да се пополни со ставки, потребно е да се кликне на копчето "Генерирај". По кликнувањето на Генерирај, ќе се појави прозорец кој прашува: "Генерирај ставки од лагер листата за одбраниот попис?". Со клик на "Да", ставките од лагер листата ќе бидат префрлени во вториот таб "Ставки во док.", каде ќе се појават сите артикли што се наоѓаат во магацинот.

се вчитува...

Во табот "Ставки во документ" постои можност за управување со внесените ставки:

  • Нулирање на количини: Ако треба да ја исправите количината на некој артикал, можете да ја нулирате количината на ставка со едноставен клик на копчето за нулирање. Ова ќе ја постави количината на 0.
  • Бришење ставки: За да ја избришете ставка од пописот, кликнете на копчето "Избриши". Ова ќе ја отстрани ставката од пописот.