Skip to main content

Прегледи

Продажба

По продавници

Сумиран преглед на продажбата по секоја продавница. Пред генерирање на овој преглед, потребно е да се избере годината за која сакате да се прикаже продажбата. Доколку сакате споредба со претходната година, има можност да ја вклучите и таа година за споредбена анализа. Продажбата е прикажана сумирано по месеци за лесен преглед на трендовите низ годината.

По артикли

Детален преглед на продажбата за секој артикал поединечно. Изберете продавница и внесете период (година од - до) за анализа.

По групи

Преглед на продажбата групирана според категории/групи на артикли. Изберете продавница и внесете период (година од - до) за анализа. Ќе добиете сумиран приказ со можност за споредба по месеци и увид во најпродаваните категории.

Перформанси на продажба

Овој преглед овозможува детална анализа на продажните перформанси по продавница преку споредба на тековната година со претходна година. Поставете ја тековната година и година за споредба (на пример: 2025 - 2024). Прегледот се прикажува групиран по месеци.

За секој месец се прикажува вкупната продажба во тековната година и вкупната продажба во споредбената година. Автоматски се пресметува % тренд – ова покажува дали продажбата расте или опаѓа споредено со истиот месец од претходната година.

Останати

Овој дел содржи различни прегледи за детална анализа на продажбата и евиденцијата.

Дневен промет

Детален преглед на дневната продажба по артикли. Изберете продавница, каса и временски интервал, потоа кликнете „Прикажи“ за да го видите дневниот промет.

Дневен аналитички

Овој преглед овозможува детална анализа на сите направени сметки во рамките на една смена, со прикажување на артиклите од секоја поединечна сметка. За да се прикаже прегледот, потребно е да внесете продавница, каса, датум од и датум до.

ЕТ книга

За приказ на прегледот за ЕТ книга потребно е да се избере конкретен магацин ( продавница )за која сакате да го прегледате извештајот. Внесете период од и до датум за кој сакате да ја прегледате ЕТ книгата.

КДФИ

Овој преглед овозможува детално следење на прометот за избран ден и вклучува податоци заа купниот промет за избраниот ден со вклучениот данок на додадена вредност, Вредноста на ддв за сите продадени мкд производи на избраниот ден, преглед на износот на ддв по различни даночни стапки за тековниот ден.

Продадено со попуст

Овој преглед ви овозможува да ја следите продажбата на артикли кои се продадени со попуст. Со ова можете да ги анализирате артиклите кои се продадени под цената поради попуст, како и вкупните износи и процентите на попуст.

Картици

Лагер листа

Потсетување

За да се прикаже лагер листата, прво е потребно да се избере магацин или продавница за која се прегледуваат залихите.

Во оваа листа се прикажуваат детални информации за секој артикал. Приказот ги опфаќа називот на артиклот заедно со неговиот баркод. Понатаму Е прикажан каталошкиот број како внатрешна ознака за артиклот, а исто така е наведена и мерната единица во која се следи. Колоната „Лагер“ ја прикажува моменталната состојба на залиха, односно достапната количина од тој артикл. До неа е прикажана и последната промена, односно датумот и времето кога последен пат е направен влез или излез на артиклот во магацинот. Покрај тоа, евидентирана е и претходната количина која била заведена пред таа промена.

Картица на артикал

Картицата на артикал служи за следење на целокупниот промет на избраниот артикал во определен период. Преку овој преглед корисникот добива јасна слика за сите документи поврзани со артикалот, како што се издадени или примени количини, вредности со и без ДДВ, пресметан данок и одобрен рабат. Со тоа се овозможува прецизна контрола на залихата и финансиските промени, како и полесно усогласување на артиклите со магацинската и книговодствената евиденција.

Картица на партнер

Картицата на партнер служи за евиденција на целокупниот промет поврзан со избраниот партнер во одреден временски период. Преку овој преглед се овозможува лесно следење на сите артикли, количини и документи преку кои се евидентирани промените во магацинот. На овој начин се обезбедува јасен преглед на влезовите и излезите поврзани со конкретниот партнер и точна контрола на магацинската евиденција.