Затварање на смена
Избор на продавница, каса и смена
За да започнете со затворање на смената: Изберете ја продавницата каде што сакате да ја затворите смената. Одберете ја касата поврзана со таа продавница. Одберете ја смената која сакате да ја затворите.
Прикажување на незатворени сметки
По изборот, кликнете на копчето „Прикажи“. Ќе се прикажат незатворени сметки (доколку има во таа смена).
Не можете да продолжите кон затворање додека има незатворени сметки.

Затворање на празни сметки
Селектирајте ги сите незатворени сметки. Кликнете на копчето „Затвори празни“ за да се затворат сметките без износ. Кога нема повеќе празни сметки, можете да преминете на пребројување.
Пребројување на смената
Кликнете на копчето „Пребројување“. Ќе се отвори форма со следниве податоци:
- Очекуван износ – вкупниот износ пресметан од сите сметки.
- Износ во каса – вкупната готовина што ја имате во касата.
- Износ од фискален извештај – износот што го пријавил фискалниот уред.
Доколку сите износи се совпаѓаат, кликнете на копчето „Запиши“.

По клик на копчето „Да“ за потврда на затворање на смената, ќе се отвори нова форма каде што ќе можете да го внесете бројот за затворање од фискалната сметка.
Најпрво, потребно е да испечатите дневен финансиски извештај, а потоа да го внесете бројот од фискалната сметка во соодветното поле.
