Сметки
Преглед на листа на смени
Во делот Листа на сметки, прво се прикажува список со сите отворени смени за избраната продавница. За секоја смена се прикажуваат податоци за: назив на смената (обично број), име на продавницата, време на отворање, време на затворање (доколку смената е затворена).

Преглед на сметки во смена
По избор на смената, преминете во вториот таб – "Сметки во смена". Овде се прикажуваат сите направени сметки во одбраната смена.

Доколку сметката е издадена како фактура, има можност за бришење на фактурата преку копчето “избриши фактура”. На секоја сметка, од левата страна, е прикажано копче за печатење. Со клик на ова копче, фискалната сметка веднаш се печати на поврзаниот фискален принтер.
Преглед на артикли во сметка
По изборот на сметката, преминете во третиот таб - "Артикли во сметка". Во овој дел се прикажуваат сите артикли што се во избраната сметка.
