Артикли
Во главното мени на веб апликацијата, се наоѓа шифрарник за артикли, кој служи за креирање и организирање на сите артикли што ќе се продаваат во продавницата.
Креирање нов артикал
За да се креира нов артикал, потребно е:
- Да се кликне на копчето "Креирај", по што ќе се отвори форма за внес на податоци.
- Назив – се внесува името на артиклот (на пример: Маичка, Јаболко, Газирана вода).
- Мерка – се одбира соодветната мерна единица од претходно креираниот шифрарник за мерки (на пример: парче, килограм, литар).
- Баркод (опционално) – доколку артиклот има баркод, може да се внесе за побрзо скенирање при продажба.

Дополнителни податоци за артиклот
Во делот дополнително се наоѓаат неколку опции за подобра организација на артиклите:
- Арт. група – се одбира категорија во која ќе биде сместен артиклот (на пример: Облека, Храна, Пијалоци). Оваа опција помага за подобра организација и пребарување на артиклите при продажба.
- Арт. групи варијанти – доколку артиклот постои во различни варијанти (на пример: маица во различни бои или стилови), овде се одбира претходно креираната варијанта од шифрарник за варијанти.
Опис, димензии, слики и величини
Овие полиња се опционални, но се корисни за дополнително опишување и подобра визуелизација на артиклот:
- Опис – детално објаснување на артиклот (на пример: Памучна маица со кратки ракави).
- Димензии – доколку е потребно, може да се внесат точни димензии на артиклот (на пример: 30x20x15 cm).
- Слики – овозможува додавање на слика за визуелно прикажување на артиклот при продажба.
- Величини – ако артиклот има различни големини (на пример: S, M, L за облека), овде може да се додадат од шифрарник за величини.

Додавање величини на повеќе артикли
Доколку претходно не сте додале величина на веќе креирани артикли, ова може лесно да го направите со еден чекор за повеќе артикли одеднаш.

- Селектирање на артикли: Во шифрарникот за артикли, обележете го артиклот на кој сакате да додадете величини.
- Клик на "Додади величина": По селектирањето, кликнете на копчето "Додади величина".
- Пополнување на формата: Ќе се отвори нова форма каде што е потребно да изберете назив на величината внесен од шифрарникот за величини и да внесете ставки за величината
- Потврда: Со клик на "Запиши", величините ќе се додадат на сите селектирани артикли.