Skip to main content

Артикли

Во главното мени на веб апликацијата, се наоѓа шифрарник за артикли, кој служи за креирање и организирање на сите артикли што ќе се продаваат во продавницата.

Креирање нов артикал​

За да се креира нов артикал, потребно е:

  • Да се кликне на копчето "Креирај", по што ќе се отвори форма за внес на податоци.
  • Назив – се внесува името на артиклот (на пример: Маичка, Јаболко, Газирана вода).
  • Мерка – се одбира соодветната мерна единица од претходно креираниот шифрарник за мерки (на пример: парче, килограм, литар).
  • Баркод (опционално) – доколку артиклот има баркод, може да се внесе за побрзо скенирање при продажба.

се вчитува...

Дополнителни податоци за артиклот​

Во делот дополнително се наоѓаат неколку опции за подобра организација на артиклите:

  • Арт. група – се одбира категорија во која ќе биде сместен артиклот (на пример: Облека, Храна, Пијалоци). Оваа опција помага за подобра организација и пребарување на артиклите при продажба.
  • Арт. групи варијанти – доколку артиклот постои во различни варијанти (на пример: маица во различни бои или стилови), овде се одбира претходно креираната варијанта од шифрарник за варијанти.

Опис, димензии, слики и величини​

Овие полиња се опционални, но се корисни за дополнително опишување и подобра визуелизација на артиклот:

  • Опис – детално објаснување на артиклот (на пример: Памучна маица со кратки ракави).
  • Димензии – доколку е потребно, може да се внесат точни димензии на артиклот (на пример: 30x20x15 cm).
  • Слики – овозможува додавање на слика за визуелно прикажување на артиклот при продажба.
  • Величини – ако артиклот има различни големини (на пример: S, M, L за облека), овде може да се додадат од шифрарник за величини.

се вчитува...

Додавање величини на повеќе артикли​

Доколку претходно не сте додале величина на веќе креирани артикли, ова може лесно да го направите со еден чекор за повеќе артикли одеднаш.

се вчитува...

  • Селектирање на артикли: Во шифрарникот за артикли, обележете го артиклот на кој сакате да додадете величини.
  • Клик на "Додади величина": По селектирањето, кликнете на копчето "Додади величина".
  • Пополнување на формата: Ќе се отвори нова форма каде што е потребно да изберете назив на величината внесен од шифрарникот за величини и да внесете ставки за величината
  • Потврда: Со клик на "Запиши", величините ќе се додадат на сите селектирани артикли.