Ценовници
Во менито на апликацијата, во делот шифрарник за ценовници, корисникот има можност да креира нов ценовник за внесување на цени на артиклите.

За да се креира нов ценовник, потребно е да се избере оваа опција од менито и да се кликне на копчето "Креирај". По кликнувањето, ќе се отвори прозорец за внес на податоци. Во прозорецот, корисникот треба да внесе назив на ценовникот, валута во која ќе се внесуваат цените, да одбере дали ценовникот ќе биде активен, како и да го дефинира типот на ценовникот. По пополнување на сите потребни информации, внесот се потврдува со клик на копчето "Запиши", со што ценовникот ќе биде зачуван и подготвен за понатамошна употреба.

Ставки во ценовник
Откако се креирани артиклите и сите останати потребни шифрарници, следен чекор е да се додадат ставки во ценовникот. Прво, потребно е да се одбере во кој вид на ценовник ќе бидат внесувани ставките. Во табот ставки, со клик на копчето "Креирај ставка", ќе се отвори форма за внесување на податоците за секоја ставка. Во формата е потребно да се внеси називот на артиклот и цените за артиклот.
