Каси
Во менито на апликацијата постои опција шифрарник за каси, која ви овозможува да креирате нова каса за соодветната продавница. За да започнете со креирање на каса, прво треба да изберете во која продавница сакате да ја креирате касата.

По изборот на продавницата, треба да кликнете на копчето "Креирај", по што ќе се отвори форма за внесување на потребните податоци. Во оваа форма треба да се внесе фискалната адреса, која ќе биде поврзана со новата каса.