Skip to main content

Останати

Група на артикли

Во менито на апликацијата, во делот останати, се наоѓа шифрарник за група на артикли, кој овозможува креирање и организирање на артиклите во групи (категории). Целта на овој шифрарник е да овозможи полесно групирање на артиклите.

се вчитува...

За да се креира нова група на артикли, потребно е да се кликне на копчето "Креирај", по што ќе се отвори форма за внес на податоци. Во оваа форма, задолжително е да се внесе назив на групата, кој ќе ја опишува групата на артикли. Дополнително, постои можност за додавање слика која визуелно ќе ја претставува групата, што го олеснува пребарувањето и навигацијата низ артиклите.

Група на варијанти

Шифрарник за група на варијанти овозможува креирање и организирање на различни варијанти од еден ист артикал. Целта на овој шифрарник е да се овозможи еден артикал да има повеќе варијанти, како што се различни бои, со што продажбата станува поорганизирана и попрегледна.

се вчитува...

За да се креира нова група на варијанти, потребно е да се кликне на копчето "Креирај", по што ќе се отвори форма за внесување на податоци. Во оваа форма, задолжително е да се внесе назив на групата на варијанти, зависно од тоа што претставува варијантата. Откако ќе се креира групата на варијанти, таа ќе биде достапна за избор при креирање на нов артикал. При додавање нов артикал (покриено подолу во упатството), корисникот ќе има можност да ја одбере соодветната креирана варијанта за тој артикал. Ова овозможува артиклот автоматски да биде поврзан со дефинираните варијанти.

Величини

Шифрарник за величини овозможува дефинирање на различни величини што ќе се користат при креирање артикли. Целта на овој шифрарник е да се овозможи секој артикал што постои во повеќе големини (на пример облека, обувки) да биде поврзан со соодветната величина. За да се креира нова група на величини, потребно е најпрво да се кликне на копчето "Креирај", по што ќе се отвори форма за внесување на податоци. Првиот чекор е внесување на називот на групата на величини — на пример "Димензии", зависно од видот на артиклите.

Откако ќе се дефинира називот, се отвора делот ставки, каде што се додаваат поединечните величини што ќе припаѓаат на таа група. Пример, ако креирате група со назив "Димензии", во делот ставки може да внесете S, M, L, XL итн.

се вчитува...

Мерки

Шифрарник за мерки служи за креирање и организирање на различни типови мерки. Целта на овој шифрарник е да се овозможи стандардизирано дефинирање на мерните единици што понатаму ќе се користат при креирањето и евидентирањето на артиклите во продавницата.

се вчитува...