Skip to main content

Продавници

Во менито на апликацијата постои опција шифрарник за продавници, која овозможува креирање на нова продавница. За да започнете со креирање на продавница, треба да кликнете на копчето "Креирај продавница".

се вчитува...

По кликнувањето на ова копче, ќе се отвори нова форма за внесување на податоци. Во оваа форма, корисникот треба да внесе неколку клучни информации. Прво, треба да се внесе назив на продавницата (од работната единица). Потоа, потребно е да се одбере ценовникот кој беше креиран претходно. Следно, треба да се изберат опции кои ја дефинираат работата на продавницата.

се вчитува...

Забелешка

Опцијата „Смени“ означува дека продавницата ќе функционира со смени, односно ќе се следи која смена е активна и во кој период е отворена.

Забелешка

Вклучувањето на опцијата „Лагер“ значи дека ќе се води евиденција на залихи, што овозможува прецизно следење на артиклите во магацин.

Дополнително, ако се активира опцијата „Децимален број лагер“, ќе биде дозволено водење на лагер со децимални вредности, на пример 1.5 kg.

Опцијата „Негативен лагер“ пак овозможува продажба дури и кога залихите се во минус.

Во делот „Модул за фактурирање“ се избира начинот на кој ќе се врши фактурирањето во продавницата. Достапни се два модули: „Брза фактура“ и „Материјално“. Брзата фактура овозможува едноставно и брзо фактурирање со водење само финансиска евиденција, без следење на залихи. Од друга страна, материјалниот модул вклучува и финансиско и материјално евидентирање и се користи кога е потребно детално следење на количините, влезот и излезот на артиклите од магацинот.