Работни единици
Во делот Администратор, за да креирате нова работна единица, потребно е да кликнете на Раб. единици во менито од левата страна. Потоа, на отворената страница, изберете го копчето (+) за креирање на нова работна единица.

Ќе се прикаже форма каде што треба да го внесете називот на работната единица и да го поставите коренот, кој мора да биде главната фирма (на пример, ако фирмата е „Демо Компанија“, коренот треба да биде „ Демо Компанија “). Откако ќе ги пополните полињата, кликнете на Зачувај за да ја додадете новата работна единица. Со ова, успешно ќе додадете нова работна единица во системот.
Валидација
Доколку некое поле е празно или коренот е погрешно внесен, системот ќе прикаже порака за грешка и ќе побара корекција на податоците.